skip to Main Content

Каруана ќе го предизвика Карлсен во борбата за шаховскиот трон

Каруана ќе го предизвика Карлсен во борбата за шаховскиот трон
  • 28.03.2018

Американецот Фабиано Каруана ќе биде противник на Магнус Карлсен (Норвешка) во борбата за светската титула во шах, откако победи на „турнирот на кандидатите“ што се одржа во Берлин.

Каруана ќе се обиде да стане првиот Американец кој станал светски шаховски шампион, по Боби Фишер кој беше на тронот во 1972 година.

Партиите меѓу Каруана и Карлсен ќе се играат во Лондон во периодот од 9-28 ноември.

За триумфот во Берлин, Каруана заработи 95.000 евра

Back To Top