skip to Main Content

Кармело Ентони потпиша со Хјустон Рокетс

Кармело Ентони потпиша со Хјустон Рокетс
  • 14.08.2018

НБА ѕвездата, Кармело Ентони и официјално својата кариера ќе ја продолжи во Хјустон Рокетс.

Oткако ги помина лекарските прегледи, популарниот Мело потпиша едногодишен договор.

За една година во Хјустон, 34-годишниот Ентони ќе инкасира 2,4 милиони долари.

Искусниот кошаркар минатата сезона ја заврши со просек од 16,2 поени по натпревар, што е најлош резултат во неговата кариера.

За неговите услуги се интересираа уште неколку клубови, но Мело се одлучил за тимот на Хјустон, бидејќи верува во амбициозноста на прoектот и се очекува да биде од голема помош во обидот „Ракетите“ да ги поминат фаворитите на Западот, Голден Стејт Вориорс и новиот Лејкерс со Леброн Џејмс за  шампионски прстен.

Back To Top