skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

„Каратистите докажаа уште еднаш дека Македонија била и ќе остане на врвот“

„Каратистите докажаа уште еднаш дека Македонија била и ќе остане на врвот“
  • 12.02.2019

По успешниот викенд на 46.тото Европското карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори во Данска, Македонската карате репрезентација денеска имаше прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

„Нашите каратисти уште еднаш им покажаа на европските карате сили дека Македонија била во врвот и ќе остане во врвот, а тоа нашите херои го докажаа на дело со овој успех. Да упатам голема благодарност и пофалби за стручниот штаб за посветената работа со нашите репрезентативци, а исто така сакам да упатам честитки за успешната организација и работа на Карате федерацијата на Македонија“, меѓудругото истакна Каевски.

Македонската карате репрезентација од шампионатот во Алборг се врати се две златни медали во У-21 Петар Спасеновски, категорија до 84 кг и Доан Османи, категорија до 75 кг. Како и два сребрени медали Давид Петков, јуниори категорија +76 кг. и Бојан Костов, кадети до 52 кг.

Back To Top