skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тренд на дезинформации со цел наведување на публиката кон погрешни заклучоци
Грчкиот остров Парос во обид да биде првиот остров без пластика
Кои пет градови се преполни со туристи?
Пронајдена порака во шише стара 50 години
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Како некогаш: Вардар едвај го победи Металург во македонското СЕХА дерби!

Како некогаш: Вардар едвај го победи Металург во македонското СЕХА дерби!
  • 05.12.2018

Кончено, по долго време во СЦ „Борис Трајковски“ македонската публика сведочеше за вистинско градско ракометно дерби во СЕХА лигата. Со многу пресврти во играта, со наизменично менување на водството, со возбудлива и неизвесна игра до самиот финиш, фаворитот Вардар извојуваше минимален триумф (27-26), кој многу повеќе го посакуваше домаќинот и отпишаниот Металург.

„Црвено-црните“ диктираа некаде до 20-тата минута во првиот дел, кога поведоа со 9-6. Сепак, во наредните 10 минути Металург одговори со фантастичен пресврт во играта. Создаде серија од 7-2, по која на полувреме замина со водство од 13-11. Со нова серија го отвори и вториот дел, па по шест минути игра Металург поведе со највисоки 16-12. Последен пат тимот од Автокоманда имаше три гола предност во 45-тата (20-17), но сили за докрај немаше. Како многупати сезонава, со пад на играта во последните минути, му го препушти водството на Вардар, кој впрочем стравуваше за истиот се до последните секунди. Металург не искористи напад за реми, оставајќи Вардар да го запише осмиот СЕХА триумф со 27-26, а со тоа да се врати на врвот со 24 бода, колку што има и Загреб.  Металург, пак, го претпе осмиот пораз, по кој останува на предпоследното, деветто место со 4 бода.

Во листата на стрелците, Криштопанс, Дисингер и Чупиќ со по пет голови го предводеа Вардар, а во редовите на Металург како прв стрелец заврши Шпенде со шест погодоци.

Во наредното СЕХА-коло, Вардар гостува кај Железничар на 8 декември, ден потоа Металург ќе го пречека Мешков Брест.

Back To Top