skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Брима: Македонците пооптимисти во светски рамки за меѓународните политики на САД, Русија, Кина и ЕУ
Спираки: Официјалното име на соседната земја е Северна Македонија, дискусијата за таблите е од мало значење
СДСМ и ДУИ бараат консензуален претседателски кандидат
За олеснување на трговијата и транспортот 26,2 милиони евра од Светска банка
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

ИСТОРИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ОДБОЈКА – ПО 23 ГОДИНИ, КОНЕЧНО ЌЕ ИГРАМЕ НА ЕП

ИСТОРИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ОДБОЈКА – ПО 23 ГОДИНИ, КОНЕЧНО ЌЕ ИГРАМЕ НА ЕП
  • 09.01.2019

Македонската одбојкарска репрезентација на 9-ти Јануари испиша историја во „СЦ Кале“ откако во последниот квалификациски натпревар ја победи Унгарија и за прв пат обезбеди пласман на едно континентално европско натпреварување по цели 23 години чекање.

Иако шансите по минатонеделниот пораз во Украина беа сведени на минимум, сепак неверојатното стана реалност откако двата натпреварите од кои зависеше судбината на Македонија, завршија во наша полза.

Шведска го победи Азербејџан (3-0), а Летонија триумфираше над Изреел (3-1).  Се чекаше уште Македонија да си ја заврши својата работа и да ја совлада Унгарија, а тоа и се случи. Присутните во „Кале“ сведочеа на триумф со убедливи 3-0 во сетови (25-21, 25-20 и 25-21), доволно за „Црвено-жолтите“ да ја заверија втората позиција од нашата група, и како една од петте најдобро второпласирани селекции да обезбеди место на Континенталниот самит во септември годинава.

Македонија досега има одиграно вкупно 89 квалификациски натпревари, а конечно, 90-тиот ќе биде историски, како круна на оваа генерација предводена од капитенот Никола Ѓорѓиев.

С.И.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top