skip to Main Content

Историски успех на „коцкастите“, Хрватска и одржа фудбалска лекција на Англија

Историски успех на „коцкастите“, Хрватска и одржа фудбалска лекција на Англија
  • 12.07.2018

Репрезентацијата на Хрватска прв пат во историјата се пласираше во финалето на Светското првенство и така ја надмина генерацијата која во 1998 година беше спречена во полуфиналето на Мундијалот од Франција.

Коцкастите на Московскиот Лужники по продолженијата ја победија Англија со 2:1 и во недела од 17 часот ќе се борат за титулата со селекцијата на Франција.

Хрватска во 1998 година во полуфиналето е поразена токму од освојувачот на трофејот Франција.

Воедно Хрватска е и најлошо пласираната селекција на светската ранг листа (20 место) која некогаш играла во финале. Претходниот рекорд го поседуваше Франција која во 1998 беше на 18 место во светот.

Хрватска е дури 13 селекција која ќе го игра финалето на Мундијалот, односно десета европска.

Екипата на селекторот Златко Далиќ трет пат по ред игра продолженија, но за разлика од дуелот со Данска и Русија овој пат го заврши пред изведувањето на пеналите, благодарејќи на Марио Манџукиќ во 109 минута.

Гордиот Албион во сабота ќе се бори за третото место со репрезентацијата на Белегија.

Англија во 5тата минута ја искористи својата прва посериозна шанса.Фудбалерот на Тотенхем Киран Трипјер ја зема топката на околу 20 метри од голот на Хрватска и со преубав погодок од слободен удар донесе предност за Англија.

Тоа беше девети погодок за Англија по прекин од вкупно 11 на Мундијалот.

Хрватска беше во иста ситуација како и во елиминационите дуели со Данска и Русија, но за разлика од тие мечеви не успеа експресно да се врати.

Гордиот албион не знаеше како да му парира на поквалитетниот ривал, а голот на Трипије им донесе додатна сила за да го продолжат натпреварот. Екипата на Герет Саутгејт претеше во секоја прилика, а посебно беа опасни по прекините.

Како проаѓаше времето, Коцкастите беа се поопасни, меѓутоа, голманот на Англија Џордан Пикфорт немаше многу работа.

Најопасен напад Хрватите имаа во 30. Минута, кога Анте Ребиќ се затрча кон одбиената топка, но од 15 метри шутираше директно во голманот на Англија.

До полувремето немаше многу возбуда, Хрватска проба да најде дупка во одбраната на противникот, додека нападот на Англија претеше од контра.

Натпреварот не ветуваше ништо се до 68 минута, кога Иван Перишиќ го искористи центаршутот на Шиме Вршаљко и изедначи на 1:1. Фудбалерот на Интер го надмудри Хари Мегвајер и топката ја испрати во мрежата на Пикфорд.

Брзо играчот на Хрватска можеше дури да го сврти натпреварот и да дојде во предност, чуварот на мрежата веќе беше совладан, меѓутоа топката заврши во стативата.

Хрватска стана подобар ривал откако го постигна погодокот, Манџукиќ и повторно Перишиќ можеа да го решат натпреварот, но резултатот не се промени и отидоа на продолженија.

Во 99 минута Стоунс со глава шутираше одлично, но Вршаљко ја изби топката надвор од теренот. Во последните минути од мечот, сериозна шанса имаше и Марио, но Пикфорд успеа да ја одбрани таа топка.

Напаѓачот на Јувентус се поправи и во 109. Минута ја искористи асистенцијата од Перишиќ и со лева нога го совлада Пикфорд. Беше тоа неговиот втор погодок на мундијалот.

До крајот на натпреварот немаше многу возбудувања, а Англија беше ослабена бидејќи во последните 10 минути неможеа да сметаат на повредениот Трипије.

Финалето е во недела од 17 часот на стадионот Лужниќи.

Back To Top