skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Грчки воени авиони почнаа да прелетуваат на небото над Македонија за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“
Заев: Ќе има политичка криза ако не добиеме датум за преговори
Бродот на мирот со порака за Договорот од Преспа пристигна на атинското пристаниште Пиреа
Китанов: Автопатот Миладиновци-Штип, според проектот, е готов
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Индијан Велс: Федерер и Надал без проблеми до четвртфинале, познато првото полуфинале кај дамите

Индијан Велс: Федерер и Надал без проблеми до четвртфинале, познато првото полуфинале кај дамите
  • 14.03.2019

Битката за титулата на Индијан Велс продолжува за најголемите фаворити Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Швајцарскиот ас Федерер рутински го совлада Британецот Кајл Едмунд со 6-1 и 6-4 за четвртфинална пресметка против Хуберт Хурказ, 67. тенисер на светот. Идентична победа со 2-0 во сетови славеше и Шпанецот Надал против Србинот Филип Крајиновиќ со 6-3, 6-4. Надал битка за место во полуфинале ќе води против Карен Качанов.

Останатите две четвртфинални пресметки се меѓу Монфилс-Тим и Раониќ-Кечмановиќ.

На женскиот дел од турнирот познати се првите полуфиналнистки на Индијан Велс.

Канаѓанката Андреску ја елиминираше фаворитката Мугуруза од Шпанија со 6-0 и 6-1 и си закажа полуфинална пресметка со шестата носителка Елена Свитолина. Украинката по пресврт со 2-1 во сетови ја победи Вондрусова од Чешка.

Втората полуфинална пресметка ќе биде позната по натпреварите меѓу Бенчиќ-Плишкова и В. Вилијамс-Кербер.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top