skip to Main Content

Ибрахимовиќ го рангираше Галакси во плеј-офот на МЛС со својот гол бр. 50

Ибрахимовиќ го рангираше Галакси во плеј-офот на МЛС со својот гол бр. 50
  • 26.09.2019

Шведската sвезда, Златан Ибрахимовиќ, го рангираше својот тим Лос Анџелес Галакси во плеј-офот на МЛС лигата.

Напаѓачот донесе успех од 2:1 на гостувањето кај Реал Солт Лејк во 32-та рунда од американската лига. Тој асистираше на првиот гол на Кристијан Павон во 50-тата минута, а потоа Аргентинецот ја врати асистенцијата до Ибра, кој постигна гол во 80-тата минута.

Така, напаѓачот го постигна својот 28-ми гол во 27 натпревари сезонава, подобрувајќи го неговиот рекорд поставен пред десетина дена кога стана првиот играч во историјата на Галакси со повеќе од 24 гола во една кампања.

Капитенот на тимот од Калифорнија веќе има 50 гола од 54 натпревари во САД.

Back To Top