skip to Main Content

Златан Ибрахимовиќ повторно „издоминира“ со нова изјава

Златан Ибрахимовиќ повторно „издоминира“ со нова изјава
  • 23.07.2018

Златан Ибрахимовиќ е човек од кој се навикнавме секојдневно да слушаме по некоја интересна изјава, тоа е дефинитивно одраз на неговото его па на се останато.

Така популарниот Ибракадабра повторно „издоминира“ на конференцијата за медиумите во Лос Анџелес, откако се пресели во клубот на Галакси во јануари оваа година.

„Имате среќа што не дојдов пред 10 години, бидејќи моментално би бил претседател на овој клуб“ во свој стил го коментираше доаѓањето во „градот на гревовите“.

Шведскиот центарфор од Малме на 15 натпревари за Галакси постигна 12 погодоци и моментално е најефикасниот играч во МЛС лигата.

Back To Top