skip to Main Content

Заврши Ју-Ес Опен за Федерер и Шарапова

Заврши Ју-Ес Опен за Федерер и Шарапова
  • 04.09.2018

Роџер Федерер претпе вистински шок од Џон Милман во осминафиналето на последниот Грен слем турнир годинава, Ју-Ес Опен.  Австралиецот приреди вистинска сензација откако со пресврт по 3 часа и 38 минути игра го надигра Швајцарецот со 3-1, по сетови 6:3, 5:7, 6:7 и 6:7.

Иако на почетокот не делуваше дека Федерер ќе има проблеми со Милман откако веднаш му зеде брејк и го освои првиот сет, сепак Милман по тешка борба до крајот ги освои трите сета и заслужено си закажа битка со Новак Ѓоковиќ.

Во четвртфиналето ќе се сретнат уште и Надал-Тим, Чилиќ-Нишикори и Дел Потро-Изнер.

Кај дамите, Русинката Марија Шарапова се прости од Ју-Ес Опен откако загуби од Шпанката Карла Суарез-Наваро со 2-0, по сетови 6-4, 6-3. Наваро без проблеми обезбеди четвртфинале и нова битка против домашната тенисерка Медисон Киз, која триумфираше над Доминика Цибулкова.

Во четвртфиналето ќе играат уште и С.Вилијамс против К.Плишкова, Стивенс против Севастова и Осака против Цуренко.

Back To Top