skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Ерера: Погба е магијата во нашиот тим

Ерера: Погба е магијата во нашиот тим
  • 03.01.2019

Пол Погба е фудбалерот на Манчестер Јунајтед, кој може да го промени развојот на секој натпревар во корист на рекордерот по титули во Англија, изјави полу дефанзивецот Андер Ерера.

– Тој игра едноставно и ефикасно во нашата половина, а во противничката е магијата, која ги менува натпреварите. Мило ми е за него. Јас, Немања Матиќ и останатите треба да му помагаме да се чувствува слободен и токму тоа се трудиме да го правиме, изјави Ерера, цитирана од „Индепендент“.

Шпанецот вели дека тиe не ја гледаaт табелата и играaт натпревар за натпревар. Тимот на Оле Гунар Солскјер е во серија од 4 победи по ред.

– Работите одат добро и не сакаме тоа да се менува, па продолжуваме по истиот начин. Ако победничката серија се зголеми, ќе бидеме поблиску до првите четири, но тоа не е нешто за кое мислиме постојано. Против Њукасл не беше лесно, бидејќи се организиран и добар тим, кој сигурно ќе остане во Премиер лигата. Но, ние сме во добра форма. Можеби не играме перфектно во моментов, но чувствуваме дека можеме да победиме во секој натпревар, додаде тој.

Back To Top