skip to Main Content

Дортмунд го сака Манџукиќ во својте редови

Дортмунд го сака Манџукиќ во својте редови
  • 16.07.2018

Италијанскиот шампион Јувентус одбил понуда од Борусија Дортмунд за напаѓачот Марио Манџукиќ, тврди „Калчо Меркато“.

Популарниот Манџо одигра многу силно светско првенство и постигна три гола и асистенции, откако се пласираше на второто место на Светското првенство 2018 со Хрватска.

Во вчерашниот финален натпревар со Франција, Марио постигна автогол, а во второто полувреме успеа да се запише во листата на стрелците, по грешката на Хуго Лорис.

Интересно е тоа што Дортмунд беше поврзуван со Манџукиќ и во 2014 година, кога го напуштил Баерн Минхен во правец Атлетико Мадрид. Но, тогаш против трансферот бил Јирген Клоп.

Договорот на „старата дама“ со репрезентативецот на Хрватска истекува летото 2020 година.

Back To Top