skip to Main Content

Де Хеа ставил потпис на нов договор, останува во Манчестер јунајтед

Де Хеа ставил потпис на нов договор, останува во Манчестер јунајтед
  • 14.09.2019

Според најновото издание на Дејли Рекорд, шпанскиот голман Давид Де Хеа ставил потпис на четиригодишен договор со опција за уште плус 12 месеци според кој ќе биде најплатен на Олд Трафорд со 15 милиони евра нето по сезона.

За иднината на Шпанецот синоќа говореше и Оле Гунар Солскјер кој изрази надеж дека наскоро ќе пристигнат добри вести.

„Прилично сум убеден дека ќе пронајдеме заеднички јазик. Давид никогаш не ми кажал нешто друго освен дека го обожава овој клуб и дека сака да остане. Се надевам дека ситуацијата наскоро ќе се реши“, изјави Норвежанецот.

Back To Top