skip to Main Content

Де Хеа останува во Манчестер Јунајтед

Де Хеа останува во Манчестер Јунајтед
  • 09.09.2019

Ед Вудворт постигнал договор со менаџерот на Давид Де Хеа, што значи дека шпанскиот голман ќе остане на „Олд Трафорд“, тврди Гардијан.

Според овој извор Де Хеа ќе има годишна плата од 17 милиони евра, односно на годишно ниво ќе заработува исто како Пол Погба.

Преговорите помеѓу двете страни се водеа повеќе од шест месеци, бидејќи актуелниот договор на Де Хеа важи уште само оваа сезона.

Шпекулациите одеа до таму дека најдобриот светски голман ќе потпише за старата дама од Торино.

Шпанецот е играч на Јунајтед од 2011 година кога клубот им плати на Атлетико Мадрид
25 милиони евра за неговите услуги.

Back To Top