Де Лихт: Во Ајакс се чувствував непобедливо, сега сè е поинаку!

Дефанзивецот на Јувентус, Матијс де Лихт не жали за неговата преселба од Ајакс во италијанскиот клуб, иако во Амстердам се чувствувал непобедливо.
– Мислам дека оди добро. Сепак за мене ова е нешто ново. Јас напредувам и не сум загрижен. Во Ајакс се чувствував непобедливо и сега сè е поинаку. На крајот, сигурен сум дека сè ќе биде добро и сезоната ќе биде успешна, изјави 19-годишниот Де Лихт.
Тој се пресели во Јувентус од Ајакс, за кого минатата сезона одигра 55 натпревари на сите натпреварувања, постигна седум голови и оствари четири асистенции.
Во тековната сезона, Де Лихт настапи на седум натпревари за италијанскиот тим без да учествува во продуктивни акции.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.