skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Давитков по триумфот во Приштина: Заслужено победивме, сега фокусот кон Романија

Давитков по триумфот во Приштина: Заслужено победивме, сега фокусот кон Романија
  • 14.09.2018

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Јорданчо Давитков по победата над Косово (73:76) на стартот од вториот циклус во претквалификациите за ЕП 2021, изрази задоволство од играта и оцени дека „Црвено-жолтите“ заслужено триумфирале.

„Ова е значајна победа за овој период од годината и среќни сме поради тоа. Бевме солидни во одбраната, но немавме одговор за Бериша, кој даваше чудни кошеви од далечина. Во финишот мечот неочекувано излезе од контрола, но успеавме да ја задржиме предноста и заслужено да триумфираме. Не сакаме други да одлучуваат за нас, како што тоа беше лани со Косово и Естонија. Сега, за нас следи Романија, а со победа ќе бидеме поблиску до следната фаза од квалификациите, изјави Давитков по мечот.

Следниот меч Македонија го игра во недела против Романија во Скопје при ВИП Арената на СЦ „Борис Трајковски“ од 18:15 часот.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top