skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Груевски останува во Будимпешта
Шекеринска во Брисел: Билатерални средби со министри за одбрана на НАТО земји
Ексклузивно интервју со Бојан Јовановски – петок 21:00 во Отворено Студио 1
Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство- „Заедно во борба против корупција“
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Давид Дејвис нов тренер на Веспрем и Дејан Манасков

Давид Дејвис нов тренер на Веспрем и Дејан Манасков
  • 09.10.2018

Официјално од денеска, поранешниот тренер на Вардар, Давид Дејвис Камара ќе го предводи унгарскиот гигант Веспрем, за кој настапува македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков.

Шпанскиот стратег утрово ја договори соработката со унгарскиот вицепрвак и стави потпис на едногодишен договор со можност за дополнителна една сезона. Дејвис доаѓа во Веспрем како наследник на Љубомир Врањеш, кој доби отказ веднаш по поразот од Вардар во третото коло во Лигата на шампионите.

Пред да потпише со Веспрем, Дејвис неколку сезони беше дел од стучниот штаб на Раул Гонзалес во машкиот тим на Вардар, а кус период мина и на клупата на женскиот тим на Вардар. Потоа беше дел од рускиот стручен штаб во репрезентацијата, а од годинава и селектор на Египет.

Дејвис покрај со Манасков, ќе работи и со Арпад Штербик, а добро ги знае и двајцата затоа што соработуваше со нив и во Вардар.

Back To Top