skip to Main Content

Горан Пандев испиша историја во италијанската Серија А

Горан Пандев испиша историја во италијанската Серија А
  • 03.03.2019

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев денеска се запиша во историјата на Калчо лигата, како шести странец кој успеал да одигра 400 мечеви во Серија А, откако денеска играше цело второ полувреме за Џенова против Фросиноне, но тој и неговиот тим не успеаа да ја искористат бројчаната предност со играч повеќе за да триумфираат.

Пандев во 2001 година дојде во Италија, а изминатава недела официјално стана италијански државјанин.

Калчолигашката кариера ја започна во Анкона, откако претходно беше дел од младинскиот тим на Интер. Преку Лацио каде мина пет години, дојде во 2010 година во Интер и ги дофати ѕвездите со освојување на скудетото, купот, Лигата на шампиони и Светската клупска титула.

Потоа играше за Наполи, а сега е во Џенова. Единствено само во 2014/15 не беше дел од Калчото, кога имаше неуспешна авантура во турски Галатасарај.

Пандев по јубилејот им се заблагодари на сите клубови за кои играл и кои придонеле да стигне до ваков јубилеј.

Back To Top