skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Докос за 1ТВ: Потребна е добра волја за спроведување на Договорот од Преспа
Нацрт законот за ратификација на Договорот од Преспа доставен во грчкиот Парламент
ОЈО го гони за убиство телохранителот на Мијалков
Анѓушев: Економијата ќе биде главен фокус на Владата за годинава
„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг ББ со позитивен изглед за Македонија
Бизнисот против избори, бара фокусот да се стави на економската агенда
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Голманот Илиев и напаѓачот Велковски повикани за последните два натпревари во Лигата на нации

Голманот Илиев и напаѓачот Велковски повикани за последните два натпревари во Лигата на нации
  • 08.11.2018

Ноември е месец за комлетирање на натпреварите од групната фаза во Лигата на нации, а во пресрет на последните две средби против Лихтенштајн и Гибралтар, селекторот Игор Ангеловски го објави списокот на повикани репрезентативци.

Меѓу нив ги нема повредените Стефан Ристовски и голманот Давид Митов-Нилсон. Се враќа голманот на лондонски Арсенал, Дени Илиев заедно со Иван Тричковски, кој поради повреда ги пропушти претходните два натпревари. Новајлија во тимот е офанзивецот на Сараево, Крсте Велковски, а Езгјан Алиоски и Елиф Елмас, поради жолти картони немаат право за настап против Лихтенштајн на гостински терен на 16 ноември, но на нив ќе се смета за дуелот во Скопје против Гибралтар на 19-ти ноември.

На останатите позиции нема промени, повикани се сите кои го понесоа најголемиот товар на претходните 4 натпреври. Македонија со три победи и еден пораз ја зезема лидерската позиција со 9 бода, пред Ерменија и Гибралтар со по 6 и Лихтенштајн на дното со 3 бода.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top