skip to Main Content

Газета дело Спорт: Интер размислува за ангажман на Елмас

Газета дело Спорт: Интер размислува за ангажман на Елмас
  • 17.04.2019

Интер е најновиот тим на листата на заинтересирани за услугите на Елиф Елмас пишува во денешното издание италијанскиот спортски весник, Газета дело Спорт.

Македонскиот репрезентативец Елмас влегол во нотесот на скаутите на Интер и можно е ова лето да биде доставена и официјална понуда од Фенербахче.

Интер ова лето ќе направи целосна реконструкција на екипата и се очекува да се засили со најмалку пет нови фудбалери.

Елмас постигна гол за неговиот тим во ремито со Галатасарај по што турските медиуми објавија дека повеќе од седум клубови преку своите скаути го следеле Елмас.

За поранешниот играч на Работнички неофицијално постои интерес од Интер, Лацио, Фиорентина, Борусија Дортмунд, Олимпик Марсеј, Тотенхем, Кардиф и Реал Мадрид.

Back To Top