skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тренд на дезинформации со цел наведување на публиката кон погрешни заклучоци
Грчкиот остров Парос во обид да биде првиот остров без пластика
Кои пет градови се преполни со туристи?
Пронајдена порака во шише стара 50 години
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Во Штип комеморација за фудбалската легенда Драгослав Шекуларац

Во Штип комеморација за фудбалската легенда Драгослав Шекуларац
  • 06.01.2019

Во Штип пред споменикот посветен на фудбалската легенда Драгослав Шекуларац, кој се наоѓа пред Центарот за култура „Ацо Шопов“ и Правниот факултет денеска се одржа комеморација на која присуствуваа негови роднини, спортски работници, пријатели и градоначалникот на Општина Штип.

Шекуларац беше омилен меѓу штипјани, бидејќи во 1937 е роден токму во Штип, по што заедно со родителите се пресилил во Белград. Спортските работници и новинарите кои имале средби и се дружеле со Шекуларац велат дека постојано го посетувал градот Штип, каде што во коритото на реката Отиња играл и фудбал со другарите.

На комеморацијата пред споменикот се обратија градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и претседателот на Комисијата за спорт во Советот на Општина Штип, Елмир Мандак, кои потенцираа дека фудбалската легенда ќе остане во сеќавањето на штипјани и на спортските работници, бидејќи во 1978 година токму во Штип ги донесе и познатите светски фудбалски ѕвезди, Еузебио, Џајиќ, Сантрач, Молина и други, кога се простуваше од фудбалот, а во 2017 година градот му го изгради и споменикот, а на Градскиот стадион ги донесе и ветераните на Фудбалскиот клуб „Црвена Ѕвезда“.

Делегации од општината, Фудбалскиот клуб „Брегалница“, како и  спортски работници, роднини  и пријатели на споменикот положија и букети цвеќе.

Back To Top