skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Во пет дена, три натпревари за Металург – в среда ја пречекуваат Стеауа, ден потоа Спортинг

Во пет дена, три натпревари за Металург – в среда ја пречекуваат Стеауа, ден потоа Спортинг
  • 05.11.2018

Викендов за прв пат триумфален беше за ракометарите на Металург во Лигата на шампионите откако на домашен терен беа подобри од Чеховски Медведи со 25-24. Но, време за радување немаат бидејќи им претстојат уште два натпревари и тоа ден за ден, против Стеауа Букурешт и Спортинг Лисабон.

„Имам ретка можност да подготвувам два натпревари еден по друг. Во својата кратка кариера како тренер, но и како играч, не сум имал вакво искуство. Прво ќе треба да го анализираме последниот натпревар. Не знам со каков тим ќе дојде екипата на Стеауа, бидејќи има најава за доаѓање на вториот тим. Овој натпревар ќе ни послужи за искуство на младите играчи. Ако дојдат во најсилен состав тоа ќе биде добар натпревар за нас. Шансите се 50-50 и, ако одиграме на високо ниво, би требало да ја продолжиме серијата на победи. Сигурен сум дека ќе се подготвиме добро. Ќе видиме каков ќе биде противникот и со каква екипа ќе ни се спротистави. Сигурен сум дека ќе дадеме максимум, иако повторно велам дека шансите се 50-50“, рече Данило Брестовац.

“Ретка можност во пет дена да играме дури три меча, два во Лигата на шампионите и еден во СЕХА-лигата. Се подготвуваме добро, помогнати од новите засилувања кои се вклопија во системот што го наметнува тренерот. Одиме чекор по чекор и се надеваме на победа“, вели Арсеновски.

Новиот изглед на Металург влева надеж за подобри денови, а тимот од Автокоманда шанса за позитивни резултати ќе има во двете домашни пресметки в среда против Стеауа во СЕХА лигата и в четврток со Спортинг во Лигата на шампионите.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top