skip to Main Content

(ВИДЕО) Со неверојатниот кош на Ленард, Торонто обезбеди пласман во финалето на Истокот

(ВИДЕО) Со неверојатниот кош на Ленард, Торонто обезбеди пласман во финалето на Истокот
  • 13.05.2019

Со неверојатниот и кош на Кавај Ленард, Торонто ја победи Филаделфија со 92:90 и со вкупни 4:3 се пласираше во финалето од Источната Конференција во плејофот од НБА лигата.

Ленард натпреварот го заврши со 41 поени 8 скокови и 3 асистенции но запаметен ќе остане неговиот последен кош кој уште долго ќе се врти на најавните шпици за завршницата од сезоната во најсилната кошаркарска лига на светот.

Торонто во конференциското финале ќе игра против Милвоки кој во полуфиналната серија го елиминираше Бостон со 4:1 во победи.

Back To Top