skip to Main Content

(ВИДЕО) Самарџиски од МЗТ Скопје, МВП на 22 коло во АБА 2 лигата

(ВИДЕО) Самарџиски од МЗТ Скопје, МВП на 22 коло во АБА 2 лигата
  • 15.03.2019

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Предраг Самарџиски е избран за најкорисен игран на последното коло од регуларниот дел од АБА 2 лигата.

Самарџиски беше најдобриот поединец во дресот на МЗТ Скопје во синоќешната победа од 93 :77 над Спарс. Центарот на „металците“ мечот го заврши со 26 поени, 14 скокови, 4 асистенци 3 украдени топки и со три блокади. Ова му донесе 39 индексни поени.

МЗТ Скопје во полуфиналето од плејофот ќе игра против Спарс предноста на домашниот терен ја има тимот од Босна и Херцеговина.

Back To Top