skip to Main Content

ВИДЕО: МЗТ Скопје на чекор до враќање во АБА – лесна победа во Задар

ВИДЕО: МЗТ Скопје на чекор до враќање во АБА – лесна победа во Задар
  • 17.04.2019

Македонскиот кошаркарски вицепрвак, МЗТ Скопје е на чекор до враќање во елитното натпреварување на АБА лигата откако тимот од Аеродром вечерва на гостински терен го совлада Задар со 89:83 во првиот бараж дуел.

Победата со само пет разлика, не е реалната слика од случувањата на теренот бидејќи македонскиот претставник веќе на полувреме создаде предност од 21 поен (57-36). Ваквата висока разлика се покажа пресудна за победата. Иако Задар наметна силно темпо во последниот кварта, сепак успеа само да го ублажи поразот.

Бојиќ со 24 поени и седум скокови беше најефикасен пред Иванов со 19 поени, од кои 17 само во првото полувреме. Вудард заврши со 22 поени.

Со оглед на тоа што баражот се игра во две добиени, МЗТ Скопје има голема шанса веќе наредната недела пред своја публика да го завери враќањето во елитното АБА друштво. Мечот во „Јане Сандански“ се игра на 23 април од 18 часот.

Back To Top