skip to Main Content

Вардар со куп титула во категорија помлади пионери

Вардар со куп титула во категорија помлади пионери
  • 29.05.2019

Екипата на Вардар, во категоријата помлади пионери, е освојувач на купот на Македонија. Младите фудбалери на Вардар во финалето предмалку го совладаа тимот на Академија Пандев по подоброто изведување на пеналите, откако регуларните деведесет минути завршија без голови 0:0.

Двете екипи на овој меч имаа шанси но истите не ги искористија. Мечот го одбележа многу борба и дуели, што е одлика фудбалерите од оваа возраст. На крајот Георг Стојановски го реализираше победничкиот пенал за тимот на Вардар, кој е освојувач на титулата и во младинскиот куп на Македонија.

 

 

Back To Top