skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Вардар може ѝ со половина тим – Војводина декласирана во Скопје

Вардар може ѝ со половина тим – Војводина декласирана во Скопје
  • 02.10.2018

Македонскиот ракометен првак Вардар и во отсуство на клучните ракометари продолжува со блескавите партии сезонава. Во СЦ „Јане Сандански“ без проблеми го совладаа српскиот првак Војводина со 33:26 во петтото коло од СЕХА лигата.

Тимот на Роберто Парондо во отсуство на Милосављев, Борозан, Мораеш, Стоилов и Горбок,  уште на стартот ја презеде контролата на теренот и со доминација во играта постојано беше во предност. Водството ниту еднаш не го испушти, а Војводина заигра нешто поагресивно во последните пет минути од првиот дел за на пауза да замина со само два гола негатива (17-15).

Во вториот дел беа потребни само пет минути за Вардар со нова серија 5-1 да поведе со 22-16. Во продолжение „Црвено-црните“ немилосрдно ја тресеа мрежата на противникот за петтта победа по пет одиграни натпревари во СЕХА лигата.

Кај Вардар Киселев беше незапирлив на овој дуел со девет погодоци од девет обиди, а успешно деби на голот со 9 интервенции имаше Алжирецот Гедбан. Со оваа победа остануваат на челната позиција на табелата со максимални 10 бода.

Во наредното СЕХА коло на Вардар му претстои гостување во Загреб на 16 октомври, но пред тоа ќе одигра два натпревари во Лигата на шампионите. Оваа сабота против Рајн Некар во Скопје, а следниот викенд во Киелце.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top