skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Вардарци внимателни пред битката со Барселона за врвот во групата од ЛШ

Вардарци внимателни пред битката со Барселона за врвот во групата од ЛШ
  • 09.11.2018

Македонскиот ракометен првак Вардар викендов е пред сериозен предизвик во Лигата на шампионите. Во Скопје гостува Барселона, а љубителите на ракометот во преполната, до последно место, сала „Јане Сандански“ ќе сведочат за пресметка, вредна лидерска позиција во групата. Тренерот на Вардар, Роберто Парондо силно посакува победа, но истовремено свесен е за квалитетот на противникот.

„Барселона е одличен тим и очекувам многу тежок натпревар.  Нивниот тим е еден од најдобрите екипи во Европа, секогаш игра на Ф4, а оваа година мислам дека играат подобро од претходните две сезони. Ќе мора да одиграме добар натпревар од почеток до крај, ако сакаме да освоиме два бода. Тренираме добро, се обидуваме да бидеме најдобри што можеме“, изјави Парондо.

Колку е значајна оваа пресметка, говори и изгледот на табелата, каде двете екипи во седмото коло влегуваат со по 10 бода, на првите две места во групата. За сериозноста на предизвикот свесни се и самите Вардарци и капитенот Стојанче Стоилов, кој улогата фаворит и ја препушта на Барселона.

„Нѐ очекува натпревар за прво место во групата. Кога ги извлекоа групите многу од нас мислеа дека Барселона е фаворитот и се уште е така, а според мене се и фаворит за освојување на ЛШ. Но, тоа не значи ништо, тие знаат дека ги очекува пекол, не им е сеедно што ќе играат тука. Тоа нас не не допира, ќе одиме на победа“, вели Стоилов.

Вардар и Барселона од 2003. година, па наваму се сретнале 14 пати. 11 победи запиша каталонскиот гигант, еден меч заврши без победник, а два пати, и тоа минатата година поуспешен беше Вардар. Нивната 15-та меѓусебна пресметка се игра в недела во СЦ „Јане Сандански“ од 17 часот.

Back To Top