skip to Main Content

Ван дер Сар со ултиматум до Де Хеа

Ван дер Сар со ултиматум до Де Хеа
  • 13.09.2019

Едвин ван дер Сар, кој се поврзува за нов спортски директор на Манчестер Јунајтед, изјави дека Давид де Хеа не е незаменлив за „црвените ѓаволи“ и дека мора да донесе одлука за неговата иднина што е можно поскоро.

Ван дер Сар не сака да открие детали за можното назначување за директор на англискиот гигант, но сепак си дозволи да коментира на темата. Договорот на Де Хеа истекува на крајот на оваа сезона и сè уште е нејасно дали тој ќе потпише со клубот.

„Треба да се донесе одлука во одреден момент. Помина долго време, па во овој момент станува збор за одговор „да“ или „не“, рече поранешниот голман на Јунајтед.

„Има голмани кои би можеле да го заменат. Тие се способни да направат чекор напред во нивниот развој. Јас имав 34 години кога се преселив во Јунајтед, така што можностите се тука“, вели Холанѓанецот. Ван дер Сар, исто така, даде свое мислење за падот во форма на Де Хеа во последните месеци на голот на „црвените ѓаволи“.

„Формата е променлива, нормална е. Толку време е на високо ниво, така што во одреден момент
луѓето забележуваат грешка. Нема никакви грижи, сепак, тој е одличен голман“, заклучи Ван дер Сар.

Back To Top