skip to Main Content

Боатенг: На СП 2018 мора да играме дури и подобро отколку во 2014 година

Боатенг: На СП 2018 мора да играме дури и подобро отколку во 2014 година
  • 23.05.2018

Одбранбениот фудбалер на германската репрезентација Џером Боатенг ги искажа своите очекувањата од Светското првенство 2018 година.

Во финалето од Купот на Германија минатата сабота, Боатенг не можеше да игра поради повреда, но уверен е дека ќе настапи на Мундијалот во Русија.

– Сигурен сум дека се ќе биде добро. Се подготвувам да играм. Мојата цел е Светското првенство. Ние на овој турнир мораме да мораме да играме дури и подобро отколку во 2014 година, истакна Боатенг.

Германија е актуелен светски шампион.

Мундијалот ќе почне на 14 јуни и ќе трае до 15 јули.

Back To Top