Бејл ја игра последната сезона во Реал Мадрид

Герет Бејл нема да продолжи да настапува за Реал Мадрид.
Според информациите, последниот натпревар меѓу кралскиот клуб и Јувентус од четвртфиналето на Лигата на шампионите (3:0) јасно покажал како ќе се развиваат односите меѓу двете страни по крајот на сезоната.
Напаѓачот и шпанскиот гигант сигурно ќе се разделат, а одлуката на тренерот Зинедин Зидан да не му даде ни минута на Бејл против „бјанконерите“ е јасен знак во оваа насока.
Статистичарите во Шпанија пак, наведуваат дека за првпат откако е дел од мадридскиот тим, Бејл не одиграл ниту секунда во натпревар од Лигата на Шампионите.
Бејл се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ во 2013 година од Тотенхем. „Белите“ за него платија 100 милиони евра.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.