skip to Main Content

Баутиста Агут: Напорно работев за да дојдам до тука

Баутиста Агут: Напорно работев за да дојдам до тука
  • 11.07.2019

По триумфот над Аргентинецот Пеља вчера, Роберто Баутиста Агут за прв пат во неговата кариера стана дел од едно гренд слем полуфинале. Тоа секако дека е голем успех за него, со оглед дека е веќе во зрели тенисерски години.

„Добро е да се биде дел од едно полуфинале на ВИмблдон. Мислам дека играм одличен турнир. Играм добро уште од првиот меч. И денеска мечот беше тежок, Пеља е одличен тенисер. Победи сериозни противници на овој турнир и беше многу тешко да се победи.

Искрено не планирав да останам тука волку долго, ја имав испланирано мојата ергенска вечер и со моите другари требаше сега за сум на Ибица, но добро е да си во Лондон во моментов. Прекрасно е чувството да си рамо до рамо со Федерер Џоковиќ и Надал. Тоа се светски спортсмени одлични тенисери и се радувам што сум дел од полуфиналето на ВИмблдон.

Сум играл против Ѓоковиќ десетина пати. Некои од мечевите сум ги загубил некои сум ги добил. Навистина е тешко да се игра против него. Тој е екс шампион тука на Вимблдон и што е уште побитно, сака да игра на трева. Од друга страна пак, јас имам релативно успешни настапи против него затоа што тој сака да игра од основната линија, да има долги поени, а тоа мене ми одговара. Со моите 31. Година веројатно во моментов заслужив да сум тука, затоа што напорно работев сиве овие години, и ете дојде момент кога сето тоа ми се исплатува“ – изјави Агут по мечот против Пеља.

 

Back To Top