skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Бартомеу: Меси може да замине како слободен играч по завршувањето на сезоната

Бартомеу: Меси може да замине како слободен играч по завршувањето на сезоната
  • 07.09.2019

Претседателот на Барселона, Joзеп Марија Бартомеу потврди дека напаѓачот Лионел Меси има право да го раскине договорот со клубот на крајот на секоја сезона. Сепак, тој не се грижи дека Аргентинецот ќе го искористи ова право.

– Меси има договор што го потпиша пред две години. Важи до 2021 година. Но, тој може да ја напушти Барселона после секоја сезона. Тој може да избере кое било место за игра. Но, тоа беше случај со другите играчи. Иниеста, Чави, Пујол. Не се грижевме, бидејќи сите овие играчи беа посветени на Барселона. Не се сомневав во нивната лојалност, но тие се слободни да изберат.

На Меси, не можевме да му понудиме ништо друго. Но, се надевам дека тој ќе остане со нас и по 2021 година, изјави Бартомеу.

Аргентинецот целата своја кариера ја помина во каталонскиот клуб.

Back To Top