skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Брима: Македонците пооптимисти во светски рамки за меѓународните политики на САД, Русија, Кина и ЕУ
Спираки: Официјалното име на соседната земја е Северна Македонија, дискусијата за таблите е од мало значење
СДСМ и ДУИ бараат консензуален претседателски кандидат
За олеснување на трговијата и транспортот 26,2 милиони евра од Светска банка
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Балотели повторно бележи за Марсеј

Балотели повторно бележи за Марсеј
  • 09.02.2019

Олимпик Марсеј направи пресврт до 2:1 против Дижон при гостувањето од 24-тото коло на Лига 1. Ова е втор успех за фудбалерите на Руди Гарсија оваа недела, откако во вторникот победија со 1:0 против Бордо зад затворени врати на „Стад Велодром“ во одложен натпревар од 18-тиот круг.

Домаќините го отворија резултатот во 18-тата минута кога Жордан Мари го казни несигурниот Стив Манданда. Гостите стигнаа до пресврт по паузата. Новиот додаток на тимот, Марио Балотели изедначи во 56-тата минута.

Лукас Окампос му донесе на Марсеј победа во 75-тата минута откако постигна прекрасен гол.

Па така Олимпик собраа 37 поени и се на петтото место, додека Дижон е на 16-тото со 20.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top