skip to Main Content

Ајакс брани 1:0 против Тотенхем на полуфиналниот реванш од ЛШ

Ајакс брани 1:0 против Тотенхем на полуфиналниот реванш од ЛШ
  • 08.05.2019

Откако ги елиминираше Реал Мадрид во осминафиналето и Јувентус во четвртфиналето, гордоста на фудбалот од Холандија, Ајакс посакува уште еден голем успех, пласман во големото финале од Лигата  на шампионите и битка за најпрестижниот трофеј од клупскиот фудбал во Европа.

На Јохан Кројф Арената во Амстердам, голобрадите момчиња предводени од Тен Хаг го пречекуваат Тотенхем со минимална предност од 1:0 по победата во Лондон. Без поголеми проблеми со повредени играчи домаќините уверуваат дека ќе ја исполнат својата цел, уште еднаш ќе истрчаат со високо кренати глави и со желба да играат офанзивен, допадлив и агресивен фудбал.

За Тотенхем приказната е сосема поинаква. Оваа сезона, избраниците на Маурицио Покетињо имаат шанси да ја спасат со пласман во финалето но за тоа им е потребна победа против Ајакс со најмалку 2:0 . Голем проблем за премиерлигашот е отсуството на нивниот прв играч Хари Кејн кој заедно со Винкс и Орие поради повредата нема да настапат на полуфиналниот реванш.

Соочувањето во Амстердам на Ајакс и Тотенхем е второ во нивната клупска историја, на предходното единствениот гол го постигна Ван Де Бек.

 

Back To Top