skip to Main Content

АМС ги обелодени добитниците на Државните награди – 8 септември

АМС ги обелодени добитниците на Државните награди – 8 септември
  • 05.09.2018

Агенцијата за млади и спорт го најави свеченото доделување на Државните награди од областа на спортот по повод Денот на независноста на Република Македонија.

Добитник на наградата за животно дело е Таки Џиков- Одбојка, 5-то и седмо место на младински европски шампионати 1975, 1977, Сениорско Европско првенство, 1979,3- место, Париз Франција,  6- то место на Олимписки игри 1980, Москва, Медитерански игри Сплит 1979,  1-во место и огромен број на остварувања на клубски и екипен план.

Добитници на наградите за посебни остварувања во спортот се:

Ристо Таков, борење, тренер на Шабан Сејди, 3-то место, ОИ Сиднеј 1980, Олимписки игри 1984 ЛА , трето место со Шабан Сејди, настап на голем број светски, европски и балкански шампионати.

Сашко Арсковски, карате, селектор и тренер на Емил Павлов освојувач на златен медал на Европско првенство Нови Сад 2018,Европско злато,Темпере 2014, три злата на Балкански првенство, Бронза на Светско 2010 со Жарко Арсовски.

Владимир Радиќ, долгогодишен ракометен тренер и селектор на Македонската женска репрезентација 1990-2004, 7-мо место Светско ракометно првенство,1997 Германија , 8-мо место Европско ракометно првенство, Холандија 1998, освојувач на Супер куп на Европа 2003,а на клубски план, Европски шампион со Кометал Ѓорче 2002.

Стеван Гешовски , кошарка тренер на КК Работнички, со репрезентација на Југославија на медитеранските  игри освојува сребрен медал во Сплит 1979. Настапува и на евровизијада во Мексико, каде повторно зема сребрен медал, а беше директрор на Кошаркарската репрезентација која настапуваше на ЕП 1999, Франција.

Директорот Каевски се заблагодари на сите присутни новинари и спортски работници, како и на членовите на одборот за доделување на Државни награди при Агенцијата за млади и спорт.

„Доделувањето на наградите “8 Септември” се одржува седма година по ред и ги вреднува постигнувањата на спортистите и спортските работници во Македонија. И оваа година се доделуваат 4 награди за врвни спортски остварувања и една награда за животно дело од областа на спортот“, истакна Каевски.

Честа да ги соопшти овогодинешните добитници и припадна на Проф. Ленче Алексовска Величковска,  декан на ФФКСЗ и претседател на Одборот за доделување на награди при Агенцијата за млади и спорт.

Свеченото доделување на наградите закажано за Сабота, 8 Септември, во Собранието на Република Македонија, со почеток од 10.30 часот.

Back To Top