skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тече рокот за нацрт-амандманите на Уставот, се најавува собраниско тело за помирување
Метју Палмер утре доаѓа во Македонија
За Русија остануваме Република Македонија
Трамп: САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Русија
Саудиска Арабија призна дека Кашоги починал во Истанбул, 18 уапсени
Мексико ги отвори границите за жени и деца од „мигрантскиот карван“
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Алиоски и Спировски едногласно: Фокусот е кон Лихтенштајн, цела Македонија сака победа

Алиоски и Спировски едногласно: Фокусот е кон Лихтенштајн, цела Македонија сака победа
  • 09.10.2018

Сениорската фудбалска репрезентација на Македонија од денеска во полн состав ги продолжува подготовките за претстојните два натпревари во Лигата на нации.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски максимално се фокусираат за клучниот исчекор кон лидерската позиција во групата Д во Д-дивизијата, а за тоа потребни се уште две победи за практично за да се завери плејофот за пласман на ЕВРО 2020.

Македонија стартуваше со две победи против Гибралтар (0:2) и Ерменија (2:0), а најефикасен во нападот со два погодоци е Езгјан Алиоски. Без разлика кој ќе поентира сега во мрежата на противникот, за фудбалерот на Лидс Јунајтед важно е да се победи.

„Двете победи не значат ништо. Во добра форма сме и мора да го добиеме Лихтенштајн. Ништо не е готово. Сега сме поквалитетни, се вратија Хасани и Адеми. Дадов два гола на првите два натпревари, но не ми е важно кој ќе постигне гол, важно е само Македонија да победи. Секако дека сакам повторно да реализирам, но и да не погодок, ќе бидам среќен со три бода“, вели Алиоски.

Освен напаѓачот, на нова победа и сигурна челна позиција се надева и играчот од средниот ред, Стефан Спировски.

„Одиме на победа против Лихтенштајн, тоа го посакува цела Македонија. Имаме доволно време да се подготвиме за максимално да влеземе на мечот. Комлетно сме фокусирани на првата пресметка, а потоа ќе размислуваме на Ерменија. Имаме шест бода и сакаме да останеме први во групата“, истакна Спировски.

Македонија в сабота на Националната Арена „Филип Втори“ од 20.45 часот го пречекува Лихтенштајн, додека во вторник во Ереван ќе се пресметка со Ерменија.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top