skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

Алегри: Не жалам што го напуштив Јуве – Интер може да ја освои титулата

Алегри: Не жалам што го напуштив Јуве – Интер може да ја освои титулата
  • 13.09.2019

Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри откри дека не жали што си замина од тимот минатото лето. Алегри ги одведе „бјанконерите“ до пет титули во Серија „А“, но му го отстапи местото на Маурицио Сари во текот на летото.

Сега тој зборуваше за својата одлука, борбата за титула оваа сезона и чувството да себиде тренер на Кристијано Роналдо.

„Апсолутно не жалам за одлуката да го напуштам Јувентус. Работите не треба да се присилуваат. После 5 години, беше време за пауза. Претседателот веројатно го сфати ова“, прокоментира италијанскиот стратег.

„Имаме многу добри односи со Ањели. Поминавме извесно време заедно во текот на летото. Тој е млад човек со одлични погледи на европскиот фудбал. Тој дава се од себе за развој на италијанскиот фудбал“.

„Марота гради интересен проект во Интер. Вистинска одлука е назначувањето на Конте и мислам дека можат да ја освојат Серија „А“.

„Најголемата сила на Роналдо е менталната. Тој има 34 години, освои многу титули во Лигата на шампионите, разни првенства и неколку „Златни топки“. Сепак, тој продолжува да бара од себе си и се охрабрува да оди напред. Техниката е клучна за играчите, но големите разлики доаѓаат од нивото на професионалност и менталитет на еден играч во текот на сите овие години“, заклучи Алегри.

Back To Top