skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува комисиската расправа за одземање на имунитетот на Вељаноски
В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите
Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател
Осудените за „Диво насеље“ со отворено писмо до Ахмети, Груевски и Мијалков
Мицкоски: Поддршката за Силјановска Давкова е поддршка за правната држава
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

АБА 2: МЗТ Скопје без Младеновски и Соколов вечерва против Сутјеска во „Јане Сандански“

АБА 2: МЗТ Скопје без Младеновски и Соколов вечерва против Сутјеска во „Јане Сандански“
  • 06.12.2018

По репрезентативната пауза, се враќа кошарката во регионалната АБА 2 лига. Во ова друштво е македонскиот вицепрвак, МЗТ Скопје Аеродром, кој вечерва ја пречекува Сутјеска во натпревар од 10.коло.

Тимот на Ѓорѓи Кочов се наоѓа пред исклучително тешка задача. Иако противникот има две победи помалку од „Металците“, сепак, има состав за респтект. Во редови на Сутјеска настапуваат Никола Павличевиќ и Радосав Спасојевиќ, добропознати играчи на македонската јавност, кои минатата сезона играа за тимот од Аеродром.

МЗТ Скопје на овој дуел е без двајца стандардни првотимци и македонски репрезентативци, Љубомир Младеновски и Дарко Соколов, поради повреди. Но, и покрај тоа, тренерот Кочов очекува останатите во тимот да излезат на паркетот максимално решително, мотивирано, и да го надополнат нивното отсуство.

МЗТ Скопје по 9 одиграни рунди со 6 победи и 3 порази е третопласиран, за разлика од Сутјеска на деветото место со 4 победи и 5 порази.

Вечерва од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“, МЗТ Скопје против Сутјеска во последниот домашен дуел за 2018-та, со оглед на тоа што потоа ги очекува низа од три гостувања по ред.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top