skip to Main Content

23 години по убиството на раперот Тупак, од затвор и напишал емотивно писмо на Мадона

23 години по убиството на раперот Тупак,  од затвор и напишал емотивно писмо на Мадона
  • 06.06.2019

Поп кралицата Мадона го загуби судскиот спор, со кој сакала да ја запре продажбата на предмети од убиениот легендарен рапер Тупак Шакур.

Мадона се жалеше на претходната одлука на судот за продажба на личните предмети на раперот, убиен пред 23 години. Судот во Њујорк реши дека Мадона нема правен основ да ја тужи поранешната пријателка Дарлен Лутц и компанијата на која таа и доверила да ги продава предметите на Тупак.

Најинтересно меѓу предметите е писмото што од затвор и го пратил раперот и тоа напишано со неговиот ракопис.

„Прво морам да ти се извинам, зашто не сум ти пријател каков што знам дека можам да бидам. Тебе да те видат со црнец, тоа на ниеден начин не би ти ја загрозило кариерата. Меѓутоа, како што верував претходно, мислев дека со тоа ќе ги „издадам“ поголемиот број луѓе кои ме создадоа. Никогаш не мислев да те повредам…Како што можеш да забележиш од тогаш созреав и ментално и психички. Веќе не ми е важно како ме гледаат другите. Те молам, обиди се да ја сфатиш мојата поранешна позиција  на млад човек со ограничено искуство во врска со многу познат секс симбол… Ти го нудам своето пријателство, овој пат многу посилно. Ако си за, можеме да разговараме за тоа, но со ова не можев повеќе да чекам. Морав веднаш да ти кажам …Во случај нешто да ми стане…, напиша Тупак во писмото од затворот до Мадона.

Back To Top