skip to Main Content

ТРАГЕДИЈА: Ќерката на познатиот рокер Милиќ Вукашиновиќ пронајдена мртва (ФОТО)

ТРАГЕДИЈА: Ќерката на познатиот рокер Милиќ Вукашиновиќ пронајдена мртва (ФОТО)
  • 25.07.2018
Маја Авдибеговиќ (35), ќерката на Милиќ Вукашиновиќ – фронтменот на „Ватрени Пољубац“ и тапанар на „Бијело Дугме“, изврши самоубиство вчера околу полноќ.

Маја и на 1ви јуни оваа година имала сличен обид за самоубиство.

Имено, таа пробала да си ги пресече вените во својот стан во сараевската населба „Језеро“, но некој од станарите во зградата во која таа живеела ја пронашол во крв во нејзиното купатило и веднаш повикал помош. После овој нејзин обид, било изјавено дека таа ќе биде пренесена на Психијарија – но тоа не се случило.

Маја е ќерка на познатиот рокер од неговиот прв брак.

Да се разбереме, ова не се случува прв пат. Вакви ситуации сме преживувале и порано со Маја. Поточно, ова секогаш се случува кога таа кризира и не би сакал да зборувам за тоа јавно. Се’ се случува поради таа дрога. Таа е долгогодишна наркоманка, и тоа се случува секогаш кога доживува кризи. Тогаш се случуваат овие работи.“ – изјавил Милиќ и истакнал дека Маја е долгогодишна наркоманка, а дека ова го прави само за внимание и за да стигне до болница како би примила од тамошните терапии за зависници.

Последната слика која Маја ја има објавено на Фејсбук е со нејзиниот татко и 2те деца на 6ти март оваа година. Маја веќе долги години се борела со зависноста, а во неколку наврати за медиумите има изјавено дека Милиќ е „лош татко, кој се срами од својата ќерка.

Back To Top