skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Јутјуб потврди: „Не те вадам од памет“ на Лозано е најпрегледуваното видео во Македонија во моментов (ВИДЕО)

Јутјуб потврди: „Не те вадам од памет“ на Лозано е најпрегледуваното видео во Македонија во моментов (ВИДЕО)
  • 05.08.2019

„Не те вадам од памет“ е најпрегледуваната песна во моментов на Јутјуб во Македонија, односно трендинг #1 која ја исполнува најголемата поп-ѕвезда – Влатко Лозаноски – Лозано.

За само неоколку дена видеоспотот е прегледуван 200.000 пати и несомнено е дека ова е уште еден огромен хит на Лозано.

Инаку песната премиерно беше изведена на големиот концерт  кој се одржа на 2-ри август на стадионот „Билјанини извори“, каде Лозано собра неколкуилјадна публика која во еден  глас ги пееше сите негови хитови.

Се разбира, како и на сите останати, така и на ова музичко ремек-дело како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски.

Back To Top