skip to Main Content

Ѕвезда број 1: Ова се кандидатите кои продолжуваат по првата гала вечер (ВИДЕО)

Ѕвезда број 1: Ова се кандидатите кои продолжуваат по првата гала вечер (ВИДЕО)
  • 03.06.2019

Денеска во 21 часот се одржа првата гала вечер на музичкото талент шоу, Ѕвезда број 1!

Жаре Бербер и Нина Деан ја имаа улогата на водители за време на галата, додека кандидатите ги оценуваше жири комисијата составена од Александар Масевски, Елена Петреска, модниот критичар Сергеј Варошлија и новинарката Валентина Тодоровска – Вања.

Во шоуто кое траеше речиси два и пол часа и кое премиерно беше прикажано на 1ТВ, ги слушнавме првите 13 кандидати кои се натпреваруваат за влез во финале.

Од 13-те кандидати за жал понатаму не продолжија само тројца кандидати т.е. Клементина Котеска, Наталија Танеска и Нино Наумовски, а во продолжение погледнете ја фото-галеријата од првата гала.

Само за потсетување, победникот од македонското музичко шоу, Ѕвезда број 1 ќе добие договор со продукција и стан во Скопје.

Почнувајќи од оваа недела, секоја следна ќе имате можност да ги следите гала вечерите на 1ТВ, а доколку ја пропуштивте првата гала тогаш во продолжение погледнете што се случуваше.

Back To Top