skip to Main Content

Федерер, Роналдо… дел од поканетите на свадбата на Надал

Федерер, Роналдо… дел од поканетите на свадбата на Надал
  • 26.08.2019

18-кратниот освојувач на Гренд-слем титули, Рафаел Надал, на својата свадба покани еден куп sвезди, меѓукои и неговиот долгогодишен ривал Роџер Федерер, петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо и шпанскиот пејач Енрике Иглесијас.

Според швајцарски „Блик“, свадбата на неговата свршеница Марија Франциска Перељо ќе се одржи на 19 октомври, северно од неговиот роден град Мајорка. Местото се вика Ла Форталеза, кое е едно од најскапите имоти на островот и се наоѓа во Заливот на Појенка. Местото се проценува на 137 милиони франци.

Среќната двојка очекува 500 гости. Според шпанските медиуми, на Федерер, Роналдо и Енрике Иглесијас ќе им се придружат и НБА ѕвездата, Пау Гасол, тренерот на Рафа, Карлос Моја и колегите Фернандо Вердаско и Фелисијано Лопез. Гостин ќе биде и поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос Први.

Ѕвездата на Реал Мадрид – Герет Бејл, исто така, направи свадба на истото место на почетокот на јули.

Местото не случајно го избра Матадорот, бидејќи е вистинска тврдина и ќе биде тешко за медиумите да пристапат. Достапно е само по приватен пат, има железни врати, камери и бодликава жица.

Рафа и Сиска се познаваат уште од школските години, каде се запознале преку нивни заеднички пријател и се заедно уште од 2005 година. 31-годишната свршеница на Шпанецот завршила деловната администрација во Лондон.

Во мај 2018 година, двајцата се верија за време на одморот во Мајами.

Back To Top