skip to Main Content

Трпи големи болки: Семејството на Радмила Манојловиќ се моли за нејзиното здравје

Трпи големи болки: Семејството на Радмила Манојловиќ се моли за нејзиното здравје
  • 12.08.2018

Пејачката Радмила Манојловиќ има голема поддршка во сè од семејството кое беше со неа низ сите тешки моменти, па така е и сега. Сестрата на пејачката, Марија речиси живее со неа во Белград, додека со својот татко е постојано на линија, како и со маќеата кој ја третира како ќерка.

„Марија оди со неа на терапија, се грижи за Рада и често и` помага во сè и ја следи на настапите за да и` биде полесно. Меѓутоа, Рада е храбра девојка и често ги издржува болките за да не го исплаши семејството, но и Харис, кој неколку пати се случи да биде таму кога и` беше лошо. Татко и` на Рада веќе со години вели дека таа треба да го намали темпото на работа, бидејќи тоа ќе ја чини здравје. Тој и сестрата Марија се против тоа Рада да се исцрпува и да го оптеретува ‘рбетот. Но, советите на татка си се залудни, бидејќи Радмила навистина сака да пее и да настапува, смета дека е млада и дека сето тоа ќе го поднесе лесно. Меѓутоа, како што не постигнува да го масира ‘рбетот, таа има голем притисок и болка. Сега сфаќа дека биле во право за сè што и` кажувале досега, но сега е доцна.“, вели извор близок до таткото на пејачката за српскиот магазин „Ало!“.

 

Back To Top