skip to Main Content

Тијана распали по МРТВ: Македонската евровизиска делегација си прави екскурзија

Тијана распали по МРТВ: Македонската евровизиска делегација си прави екскурзија
  • 31.03.2018

Познатата пејачка Тијана Дапчевиќ која е позната по тоа што нема влакна на јазикот, во отвореното студио на „1ТВ“ распали по Македонската радио и телевизија поради катастрофалните резултати на нашите претставници на Евросонг досега.

Тијана го сподели своето искуство со МРТВ кога таа ја претставуваше Македонија на овој најголем музички  фестивал во 2014 година во Копенхаген.

– Имав впечаток дека македонската делегација таму беа на екскурзија, а не на Евровизија. не ме подготвија за ниту еден прес – беше одговорот на Тијана на прашањато од водителката Анета Кочишки за тоа, какво искуство имала таа од Евровизија.

Back To Top