skip to Main Content

Телото на актерката Шабани од Скопје на обдукција (ВИДЕО)

Телото на актерката Шабани од Скопје на обдукција (ВИДЕО)
  • 28.03.2018

Полицијата во Лос Анџелес одржа прес покференција за телото кое беше пронајдено во гроб за кое се смета дека е на исчезнатата девојка од Скопје, Адеа Шабани.

Капетанот Вилијам Хејес од одделот за убиство и грабежи во ЛАПД вчера на прес-конференцијата во центарот на Лос Анџелес рече дека истражувачите веруваат дека телото ѝ припаѓа на Шабани, а било најдено во плиток гроб.

Се смета дека е убиство, но се чекаат податоци од обдукцијата.

Се смета и дека момчето на Шабани кое се самоуби има врска со настанот.

Шабани, за која нејзините пријатели велат дека дошла во Лос Анџелес пред помалку од две години за да ја продолжи манекенската кариера, последен пат била видена во близина на нејзиниот дом во Холивуд на 23 февруари. Сите се кренаа на нозе, а се нудеше и награда од 25.000 долари.

Back To Top