skip to Main Content

ТВ водителката Бојана Скендеровски му останала должна голема сума на пари на екс сопругот Огнен!

ТВ водителката Бојана Скендеровски му останала должна голема сума на пари на екс сопругот Огнен!
  • 21.01.2019

Огнен Чаловски  беше првиот сопруг на екс пејачката, а сега водителка Бојана Скендеровски. Нивниот брак траеше само две години, а по разводот Бојана на Огнен му останала должна голема сума на пари,како и мебел од нивниот заеднички стан на Водно. Бојана и Огнен  се запознале во скопското кафуле „Ориент“, беа во врска околу десет месеци, а се венчаа во 2010 година. Тогаш ја основаа и фирмата „Дестио бело“ и отворија козметичко-фризерско студио.

-После свадбата, Бојана и Огнен многу се расправаа. Нејзе ја интересираа само пари. После големата кавга Огнен се исели од станот. Тој се жалеше дека не може веќе да издржи со неа. Кога се исели не му дадоа ништо од скапиот мебел и многу лични негови работи кои ги добија на свадбата, дури ни точакот. Огнен се жалеше дека Бојана му останала должна и многу пари кои никогаш не му ги врати, а и го малтретираше и психички, раскажува нашиот извор.

Тој додава дека  на Огнен бракот му бил хорор и дека кога завршила целата драма на Огнен му олеснило, станал друг човек.

-Огнен наеднаш се измени, од депресивен човек стана позитивен и почна повторно да комуницира со пријателите и со семејството.

Нашата редакција го исконтактира Огнен Чаловски кој ни ја потврди оваа информација.

Бојана денес е премажена и има ќерка. Таа безуспешно се обидуваше да биде дел од естрадата, па по неколку години се откажа од пеењето. Се фрли во водителските води, но и таму не покажа резултати.

 

Back To Top