skip to Main Content

Почина Симеон Иванов – Канго

Почина Симеон Иванов – Канго
  • 28.03.2018

По двегодишно и тешко боледување денес во својот роден град – Кочани, почина рок-пејачот и поетот Симеон Иванов (66) или на јавноста познат како Канго.

Информцијата за тажната вест ја потврди и неговото најблиско семејство.

Канго со децении беше еден од најпрепознатливите изведувачи на нашата естрада. Во кариерата го следеше епитетот на „македонскиот Џими Хендрикс“, а важеше и за човек кој го промовираше македонскиот јазик и култура преку движењето „Мактеон’.

Back To Top