skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Сузана Гавазова со “ Намазана“ ја освојува Србија

Сузана Гавазова со “ Намазана“ ја освојува Србија
  • 09.02.2019

Сузана Гавазова продолжува со походот за освојување на српскиот и балканскиот музички пазар. Со песната „ Намазана“ ( Намачкана), таа покажа еден нов поинаков  стил- ултра модерен со кој  ја заинетерсира јавноста во соседна Србија.  Тоа се докажа со многуте гостувања на српските и регионални ТВ канали во емисиите и шоуата на Прва, Гранд, Пинк.

Првата песна која Гавазова ја промовираше во Србија беше песната  „Хало“.
Нашата пејачка не чекаше да помине долго време, па затоа повторно околу себе собра проверена екипа и повторно изненади со новиот проект.
Тимот кој работеше на оваа песна се Саша и Ана Диниќ, а видеото го работеше „НН Медиа продукција”.
Песната беше официјално промовирана во емисијата „Гранд Коктел“ во „Гранд продукција“, а во самата емисија Сузе отпеа и неколку убави стари македонски песни.

Back To Top